Магдалена Муратовска

Магдалена Муратовска , виолинист, член на оркестарот на НУ Филхармонија oсновното и средното музичко образование го завршува во класата на проф. Наташа Малиновска и додипломските студии на факултетот за музичка уметност во Скопје кај проф. Олег Кондратенко.

Меѓу низата признанија и успеси на полето на класичната музика како соло виолинстка и дел од најразлични камерни состави има постигнато голем број на награди на државни и интернационални натпревари.
Муратовска е активна и на полето на музичка теорија и солфеж каде исто така има постигнато голем број на награди.

Учествувала на голем број на семинари по виолина кај врвни педагози и еминентни професори на светските музички факултети, како што се:
Семи Сталхамер (2011) , Peter Sheppard Scarved, Nigel Clarce (2007),Anton Sorokow (2013), Јова Јорданова (2011, 2012),Сихана Бадивуку,Анна и Олег Кондратенко и други.

Член е на ФАМЕС – оркестар за филмска музика , 2014 -2018 е дел од оркестарот на Македонска Опера и Балет .

На полето на педагогијата има постигнато значајни резултати со незините ученици на интернациолнални натпревари и фестивали во земјава и странство.

Моментално работи на нејзиниот магистерски труд како дел од магистерските студии по музичка педагогија за виолина под менторство на проф.Коларовска.
Магдалена Муратовска е основач и сопственик на приватното музичко и балетско училиште ,,Крешендо,,.