Флејта

Флејтата е од семејството на музички инструменти во групата дувачки инструменти. Флејта е аерофон или дувачки инструмент без трска што го произведува својот звук од протокот на воздух низ отворот. Звукот се создава со дување на воздух и притискање надолу на копчињата на инструментот. Количината на протокот на воздух во инструментот може да влијае на висината, јачината на звукот и видот на создаден звук. Преку индивидуални и групни часови, учениците во музичкото училиште ,,Крешендо’’ можат да научат различни техники за свирење, да изведуваат концерти во живо како соло, така и дел од ансамбл.