Александра Кировска

Александра Кировска,потекнува од музичко семејство и уште од најрана возраст покажува посебни афинитети и голема надареност за музика. Нејзиниот талент доаѓа до израз веќе на 5 годишна возраст кога ги компонира првите кратки композиции. Потоа започнува со инструментот гитара во класа на професорката Тања Јанкова. Од тогаш па се до сега настапува на голем број концерти,натпревари,семинари,мастер часови кај професорите Срѓан Тошиќ, Слободан Миливојевиќ, Росен Балкански, Дрилон Чочај,Столина Добрева,Никлас Јохансен. Во 2017 на државен натпревар со електрична гитара е избрана за најдобар инструменталист-солист. Добитник е на први награди по солфеж и гитара на државни и меѓународни натпревари. Во 2019 година е избрана како најмлад учесник на Интернационалниот фестивал”Сараевска Зима” во Сараево помегу светски уметници и нејзиниот концерт наидува на одлични критики . Истата Година е добитник на прва награда на меѓународниот натпревар “Полихимниа”. Аранжманите за гитара ги прави сама, а последнава година почнува да компонира свои композиции за гитара. Во 2017 , 2018 и 2019та година одржува неколку солистички рецитали во Скопје и низ републиката, кои наидуваат на одлични критики. Во септември 2019 година настапува во Clavierhaus во New York. Во септември 2021ва година одржува 5 солистички рецитали,низ републиката(Неготино,Гевгелија),во Скопје, солистички концерт во Белград ,и настапува на изложба во Белград каде што се прикажуваа дела на уметници од Јапонија,Сад,Канада,Полска, Австрија и многу други. Моментално е втора година на Факултет за музичка уметност и работи со професорите Дејан Лазаревски и Слободан Миливоевик.