Ивона Базгалоска
Нејзиното патување низ уметноста го започнува на пет годишна возраст кај професорот Гоце Гаврилоски. Првата етапа од музичко образование ја започнува во ОМУ ,,Методи Патче” во Охрид, во класата на професорот Даниел Чуркоски, каде се закитува со титулата првенец на генерација. Во 2014 година се запишува во средното музичко училиште ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј” во Скопје, во класата на проф. Д-р Нина Костова Јаневска и е под менторство на истакнатите руски педагози проф. Борис Романов и проф. Људмила Романова, чија што соработка продолжува за време на студиите. Ивона е студент на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Д-р Нина Костова Јаневска. Редовно настапува на концерти, учествува на меѓународни и државни натпревари и семинари. Добитник е на голем број награди и признанија. Нејзиното натпреварувачко искуство бележи седум специјални први награди и бројни триумфи на државно и меѓународно ниво, а позначајни се наградите од натпреварите: ,,Music Prospect” во Москва; ,,Еuterpe” во Корато; ,,Golden Classical Music” во Њујорк; ,,Grand Prize Virtuoso” во Лондон и други. Во 2011 и 2012 година учествува на семинарите од проф. Борис Романов и проф. Људмила Романова. Исто така учествува и на семинарите од проф. Арбо Валдма и проф. Клаус Шилде. Во 2018 година избрана е за ученик на годината во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј” и наградата и е доделена од страна на семејството на Илија Николовски-Луј. Одржува редовно солистички концерти во Скопје и во Охрид меѓу кои еден од позначајните е концертот во црквата „Св. Софија“, Охрид во 2018 година, како и концертот заедно со виолинистот Александар Иванов на фестивалот ,,Златна лира” во Скопје. Исто така има два пати настапено како солист со оркестарот на Македонската филхармонија, во 2015 година под диригентската палка на маестро Борјан Цанев и во 2017 под диригентската палка на маестро Ле Фи Фи.