Георги Трајков
Роден 1997 година во Струмица. Основно музичко образование стекнува во Струмица во класата на проф. м-р Васко Пиличев. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј” во Скопје, отсек класична гитара во класата на проф. м-р Дарко Багески.
. Студиите ги продолжува на ФМУ-Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески. Во текот на своето школување учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари во Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Австрија, Германија и Италија каде што има освоено први, втори и трети награди.
Учествува на повеќе летни школи за гитара, зимска школа за гитара во Суботица и академија за гитара во Охрид. Учествува на концерти одржани по различни поводи во Шпанската, Италијанската и Француската амбасада.
Во текот на студиите редовно учествува на концертите организирани од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Активно посетува мастер часови кај еминентни професори: Xhevdet Sahatxhija, Tomas Offerman, Zoran Krajisnik, Srdjan Tosic, Georg Schmitz, Johanes Moller, Roberto Fabri, Francisko Morais Franco, Goran Listez, Jorgos Panetsos, Zoran Anic, Ian Coudelac, Oman Kaminski, Kostas Cotsiolis.