Мартина Митревска
Нејзините почетоци на ТВ беа на Македонската Радио Телевизија на „Сите наши песни“, а потоа следеше „Кастинг талент шоу“, во кое се бореше за главната улога во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“, каде стигна до финале. „Кабаре“е нејзината највпечатлива изведба од тоа натпреварување.
Има настапувано на Макфест 2017, 2018 и 2019, со песните „Љубовта нема граници“, „Мое мило“ и „Зрак“. Мартина своите студии ги заврши на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на наставно-теорискиот смер со потсмер сонологија со мултимедија, а паралелно студира и оперско пеење, во класата на проф. Марија Муратовска – Наумовска.