Злата Даниловска
Злата Даниловска е родена во Битола.
Своето музичко образование по инструмент пијано,го започнува во својот роден град на 8 годишна возраст во класата на проф.м-р.Марија Шамоска-Буџаковски.
Нејзиното факултетско образование го завршува во Скопје на Факултетот за музичка уметност во класа на м-р Кристина Светиева. Учествувала и на повеќе семинари кај реномирани професори, како што се: Еуген Сковородников од Украина/Канада, Олег Маршев од Русија / Австрија, Дарко Костовски Македонија / Германија, Јуриј Кот /Украина, Рустан Рафмедов Туркменистан/Турција и многу други. Со цел – разменување на искуство и проширување на сопствените видици особено во областа на пијаното, камерната музика и во солфежот, Злата секоја година учествувала на државни и меѓународни натпревари каде што е добитник на многу награди.
Злата има познавање од англиски, германски и италјански јазик. Таа продолжува со студиите и концертите во блиска иднина.