За нас

По долгогодишно педагошко и изведувачко искуство, како членови во оркестарот на
НУ Македонска Филхармонија, виолинистите Горан и Магдалена Муратовски во 2020
година ја започнуваат приказната за приватното музичко и балетско училиште
,,Крешендо,,.
Нашата цел е да им овозможиме на учениците да зачекорат во преубавиот свет на
музиката и танцот низ атмосфера полна со ентузијазам и разноликост.

Работејќи со нашите ученици се запознаваме со нивните индивидуални желби и
стремежи, за максимално да го искористат својот потенцијал и талент, и да стекнат
квалитетно музичко и балетско образование.

Зошто КРЕШЕНДО?

Сите најдобри уметници имаат цел, но за да се стане најдобар, треба да се почне од некаде. Тоа е КРЕШЕНДО. Зошто? Затоа што нашите професори се добитници на бројни меѓународни и домашни награди и признанија, имаат високо образование, настапуваат на меѓународни сцени, имаат посетувано семинари кај реномирани професори во странство. Во учењето музика и танци, првиот чекор е суштинскиот: тој правилно го трасира патот на ученикот. Затоа, одберете го КРЕШЕНДО, кое максимално дава знаење и поддршка, и ја поттикнува мотивираноста, посветеноста и љубопитноста кај ученикот.

Нашиот тим, професорите и вработените во музичкото училиште Крешендо Музичко и Балетско Училиште се тука за да ви помогнат да го остварите својот сон, за да го доживеете неочекуваното. Знаеме дека првиот чекор бара храброст, но заедно ќе го направиме тоа. Замислете само колку ќе се чувствувате горди кога вашето дете ќе зачекори на сцената. Или, пак вие.

Нашата мисија

Крешендо Музичко и Балетско Училиште нуди најквалитетно образование, препознавање на вашиот талент, и програми кои ќе ги направат музиката и танцот дел од вашите животи. Крешендо нуди предавања во интерес на учениците од сите возрасти и верува дека секој има потенцијал да биде дел, да ужива, да креира и да ја развива љубовта кон уметноста.

Музиката и танците ќе ве исполнат со позитивна енергија и радост низ целиот ваш живот

Нашите вредности

Во КРЕШЕНДО, веруваме…

. . … дека секој заслужува да ја доживее радоста на музиката и танците…

… дека секој заслужува да се изрази себе си…

… дека секој е единствен и мора да ја почитуваме неговата уникатност…

… дека заедништвото, љубопитноста, креативноста и посветеноста се универзални вредности.

Со КРЕШЕНДО се стигнува подалеку од она што некој го очекувал или замислил.
Во КРЕШЕНДО се гради заедништво, се негуваат пријателства, преку учество на концерти, фестивали, натпревари и најразлични изненадувачки настани.

КРЕШЕНДО верува дека музиката и танците ќе ве исполнат со позитивна енергија и радост низ целиот ваш живот.