Правилник

Запишување во Крешендо Музичко и Балетско училиште

Запишувањето на нови ученици во Крешендо Музичко и Балетско училиште трае во текот на целата година. За учениците кои се веќе запишани, и продолжуваат следната учебна година, распоредот се прави при почеток на започнување на новата школска година.

Аплицирање вршат сите ученици, електронски преку еmail, за да направат резервација на местото на ученикот.
Секој родител задолжително треба потпише договор за запишување на почетокот на првиот час на своето дете, за да го финализира уписот во училиштето.

Со потпишување на договорот за запишување согласни сте за почитување на овој правилник на работа.
Секој ученик може да биде отпишан во било кое време од тековната година со потпишување на договор за отпишување Ученикот се смета за запишан се додека не биде потпишан договор за отпишување.

Почитување на распоред на часови

Секој ученик, или група добива распоред. Термините треба да се почитуваат. Доколку ученикот задоцни во индивидуалната настава, часот не се продолжува.
Доколку ученикот задоцни во групната настава, истиот нема да може да присуствува на часот, со цел да не ја попречува наставата на останатите ученици.

Месечен надомест за часовите за балетска уметност

Доколку родителот/старателот на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, истиот е должен да уплати половина од определениот месечен надомест за часови.
Во секој друг случај, како и во случај на присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот/старателот на детето е должен да го уплати целиот износ.

Купување пакет или плаќање преку фактура

Купувањето на одреден пакет се прави пред почеток на првиот час.
Паричниот надомест преку фактура за плаќање на рати, родителот/старателот на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10- тиот ден во тековниот месец. Училиштето издава фактури за тековниот месец и уплатата се врши исклучиво преку електронски пат. Училиштето издава фактури за тековниот месец и уплатата се врши исклучиво преку електронски пат. Фактурите се испраќаат по електронска пошта до 1- тиот ден во тековниот месец. Доколку испратите барање за издавање на фактура во печена форма, училиштето ќе Ви го овозможи истото.
Плаќањето месечно на еднакви рати се врши секој месец со иста сума откако ќе започнете со настава.
* За учениците кои ќе се запишат по уписниот рок, во текот на првото или второто полугодие, месечната рата варира во однос на останатиот дел на часови.
Цените за интернационална диплома не го опфаќаат трошокот за полаѓање на испитот.
Доколку родителот изврши упис на второ дете за посетување на музичка настава, попустот важи само при семестрално плаќање.

Период на настава

Со потпишувањето на договорот и пополнување на онлајн формуларот за регистрација, родителот го запишува детето во програмата предвидена за него во соодветното ниво кое го одредило училиштето по посета на пробниот час.
Спроведувањето на програмата ќе се изведува во два семестри. Првиот семестар започнува од 01 септември до 31 јануари секоја тековна година. Вториот семестар започнува од 01 февруари и трае до 15 јуни секоја тековна година.
Комуникација со родители
Комуникацијата со родителите се одвива исклучиво преку електронска пошта. Секој родител еднаш месечно (на последниот час од месецот) може да присуствува на часот за да го проследи прогресот на своето дете. Дополнителни кратки информации можете да добиете и на некои од нашите телефони 070 328580 и 077 900 944. Приемен ден за состанок со педагозите можете да закажете по електронски пат.

Годишни концерти

На крајот на секоја учебна година Крешендо Музичко и Балетско Училиште изведува годишен концерт, а во текот на годината се исполнува репертоар на постоечките концерти и јавни часови. Концертите кои се под наша продукција и може да се подготвуваат/изведуваат низ текот на целата учебна година.
Учеството на концертите не е задолжително. Аплицирањето за учество на годишниот концерт е преку пополнување на формулар, која се испраќа до учениците најмалку 2 месеци пред премиерното изведување.
Костимите за балетските концерти не се финансирани од училиштето.
Редовноста на пробите по групната настава е од исклучителна важност бидејќи на овие проби се работи на дополнително музичко и техничко изедначување на учениците. Периодот на одвивање на ваквите проби е околу 2 месеци, а пред започнување на истите секој ученик добива распоред на пробите кој треба да ги почитува. Препорачуваме максимум отсуство од една проба за оние ученици кои го потврдиле своето учество во претставите.
Доколку ученикот не ги посетува пробите и редовните часови по балет или музичка настава, или пак има прекумерни отсуства, неговото учество во претставата ќе биде со помал интензитет, зависно од присуството на редовните часови и закажаните проби. Учеството на ученикот е загарантирано доколку се придржувате на горенаведените правила.