Меланија Гоцевска

Меланија Гоцевскa, oсновно и средно образование го стекнува во ДМБУЦ ‘’Илија Николовски- Луј’’, во класата на проф.Слаѓана Спасеновска, отсек- класичен балет.

Во текот на своето средно образование една година се школува во Алберта, Канада. Своето образование го продолжува на факултетот за музичка уметност, отсек- класичен балет.

Во текот на своето школување учествува на државни и меѓународни натпревари во Бугарија и Хрватска на кои што освојува први и втори места во соло и групни категории, како и освојува Гранд При награда во Скопје.

Исто така посетува и летно школо во Вис, Хрватска.

Вработена во НОБ како ансамблов играч, учествува во и надвор од државата, во репертоарот како ансамблов и соло играч.

Учествува во меѓународна турнеја која изведува класични претстави во Кина.