Филип Димишковски

Филип Димишковски, млад музичар/клавијатурист. Почнал да свири џез на 14 години со неговиот учител Дамир Имери. На 18 години веќе свирел по локалните клубови во Скопје со музичари како Тони Китановски, Гоце Стевковски- Септет, Некст Ту Сајленс, Сара Мејс, Конкверинг Лајон, Љубојна, Игор Џамбазов и Антониа Гиговска кои се едни од позначајните бендови/музичари со кои што соработувал. Во неговата кариера има свирено во многу земји на Балканот, на фестивали како Сараево Џез Фестивал (Босна & Херцеговина), Скопје Џез Фестивал (Македонија), Банско Џез Фестивал (Бугарија), Д Фест (Македонија), Си Сплеш (Хрватска), Стрит Моуд Фестивал (Грција).
Неговото име може да се најде на многу албуми како “Радио Љубојна” од Љубојна, “Reflections” од Џоле Грујовски Квартет, “Floating Through Space With Sarah Mace” од Сара Мејс, “Слика” од Брама Трио, “…” од Некст То Сајленс, “Revolution Time” од Конкверинг Лајон и “Intermission” од D.S.H. Од 2018 до 2020 година има работено како професор по пијано во училиштето “Roma Rock School”. Во 2018 година Скопје Џез Фестивал му ја додели наградата “Златен Орикс” за најдобар млад џез музичар во Македонија.