Уписни рокови за сите ученици по балет

Апликациите за учебната година се одвиваат во три уписни рокови и се задолжителни за сите ученици од балетскиот оддел.

Аплицирањето се врши по електронски пат со пополнување на формуларот подолу.

Прв уписен рок: 15 август – 1 септември

Втор уписен рок: 1 септември– 1 октомври

Трет уписен рок: 15 јануари – 1 февруари

Доколку во првиот уписен рок се исполни капацитетот на училиштето, вториот и третиот уписен рок нема да се одржат.

Задолжително е да го пополните и потпишете договорот за упис, кој можете да го добиете преку електронски пат и да го донесете во просториите на училиштето за верификување на истиот. Доколку сакате да добиете печатена форма од договорот, истата можете да ја побарате и подигнете во училиштето.

За ученици кои продолжуваат со посетување настава:

Веќе запишаните ученици кои за кои родителот или законскиот старател не извршил отпишување од училиштето заклучно 01 август во тековната година, училиштето смета дека ученикот го продолжува образованието во училиштето. Договорите потпишани со родителот или законскиот старател не се потпишуваат повторно. За новата распределба на нивоата и групите на учениците, училиштето го известува родителот или законскиот старател по електронска пошта, каде јасно ќе го наведе терминот и нивото во кое преминува ученикот во следната сезона.

За новозапишани ученици:

Со пополнување на електронската апликацијата се резервира место во училиштето, со што на ученикот му следува бесплатен пробен час, кој може да се посети најдоцна пет работни дена од денот на поднесување на апликацијата. Во спротивно, по истекот на петте работни дена, Вашата апликација се смета за неважечка, поради ограничениот капацитет на училиштето.

По посетата на пробниот часот одлучувате дали ќе биде склучен договорот за запишување во тековната година.

Учениците кои за прв пат се запишуваат во училиштето се должни да го потпишат договорот на денот на првиот балетски час, во спротивно нема да можат да започнат со посетување на наставата.

По потпишувањето на договорот ќе добиете известување на Вашата електронска адреса за сите потребни информации во однос на распоредот и термините на групите.