Музички работилници

Програма за ран детски развој преку музика, создадена во соработка со Crescendo – Училиште за уметности и Тетка Кате.
Часовите се осмислени така што секое дете преку песна, ритам, движење и игра ја развива моториката, говорот, вниманието и самодовербата.

 Катерина Иванов, педагог и едукатор со долгогодишно искуство, ги спојува музиката и педагогијата во едно волшебно искуство кое ги вклучува сите сетила.

👉 За деца од 2 до 6 години

Секоја сесија е разиграна комбинација на:
🎵 Песни и ритам-игри – за развој на слух и чувство за ритам
🤸‍♀️ Моторички активности – за координација и телесна свесност
🗣️ Јазични игри – за говорен развој и збогатување на речникот
🎨 Креативни мини активности – за изразување и имагинација

Целта е детето да учи природно – преку радост, движење и музика.
Родителите ќе добијат и идеи за активности што можат да ги прават дома, за да го продолжат музичкото искуство и надвор од часот.


Бебешка група: 8 – 24 месеци (со родител) – Музичко гушкање

Фокус: сензорна и емоционална стимулација преку музика и допир
Концепт: „Музика во прегратка“ 💛
📌 Активности:

  • едноставни песнички со допир и движење

  • нежни ритми и движења во ритам со мама/тато

  • звучни играчки, марами, тапанчиња

  • ритуали за поздрав, опуштање и поврзување

🎯 Цел: поттик на слух, моторика, чувство за ритам и емоционална поврзаност со родителот

⏰ Времетраење: 30 минути
👨‍👩‍👧 Присуство: задолжително со родител/старател


Мала група: 2 – 4 години – Музички истражувачи

Фокус: самостојно движење, говор и први музички поими
Концепт: „Да пееме, да се движиме, да растеме!“ 🌈
📌 Активности:

  • песнички со гестикулација и ритам

  • едноставни инструменти (ѕвончиња, маракаси, тапан)

  • моторички игри поврзани со теми (животни, боја, форма)

  • имитација на звуци и движења

🎯 Цел: развој на координација, говор и самодоверба

⏰ Времетраење: 35 минути
👩‍👧 Родител може да присуствува првите часови

 

Голема група: 4 – 6 години –Музички создавачи

Фокус: музичка писменост, изразување и креативност
Концепт: „Јас создавам музика!“ 🎤
📌 Активности:

  • пееме со израз и движење

  • вовед во поими како ритам, темпо, глас, тишина

  • мини-оркестар со детски инструменти

  • песнички за букви, броеви и секојдневие

  • подготовка на мини настапи / работилници со родители

🎯 Цел: самостојност, креативност, тимска работа и музичка свесност

⏰ Времетраење: 45 минути

Фокус: внимание, ритам и разбирање на музички и јазични модели
Концепт: „Музиката ме води!“ 🎶
📌 Активности:

  • тематски песни со движење и инструменти

  • препознавање гласови и звуци

  • ритмички игри, ехо-песни

  • букви и зборови преку песна и игра

🎯 Цел: поттик на концентрација, меморија и изразување преку музика

⏰ Времетраење: 45 минути

Секоја сабота има заедничка музичка тема, но активностите се прилагодени по возраст.

Со најмалите се работи со родител и сензорни игри,

Средната група преку движење и имитација,

А најголемите преку свесно создавање и изведба.

Структура на секоја работилница:

  1. Претставување и поздравна песна – сите учесници се вклучуваат

  2. Главна тема / приказна – поврзана со настанот или празникот

  3. Музички и моторички активности – песни, ритамски игри, танц

  4. Креативна активност – изработка на реквизит или мала драмска игра

  5. Завршна песна и збогување