Балетски оддел ,,Крешендо,,

Балетскиот оддел во училиштето ,,Крешендо,, им нуди на децата од сите возрасти можност да учествуваат во часови по танц и курсеви за да развијат флексибилност, музикалност, координација, рамнотежа и издржливост.

Образование

Нашето девет месечно образование е можност за искуство на деца на возраст од 3 години. Настваните програми нудат можност на сите деца од најрана возраст да пробаат голем број стилови на танцување на различни нивоа. Внатрешната програма специјално прилагодена за ученици на возраст од 3 години години е создадена за да работи во согласност со академските училишни години и обезбедува цврста основа врз која можат да се изградат во професионални балетски танчери. Балетскиот оддел во училиштето ,,Крешендо,, започнува со Пред-балетско ниво 1 се фокусираат на развојот на ритам, координација, музикалност и имагинација. Во следното ниво се усвојува поформален пристап, градејќи основно знаење за балетскиот вокабулар и држење на телото. Како што учениците напредуваат низ нивоата, овие основни принципи се прошируваат и рафинираат. Во повисоките нивоа, учениците имаат широко познавање на вокабуларот за балет и почнуваат да развиваат чувство за музикалност и изразување. Повисоките нивоа се одлично поле за обука за учениците кои можеби сакаат да продолжат со танцот како кариера, како и за оние кои сакаат да го развијат своето хоби на високи стандарди.

Месечна програма:

Двапати неделно, часовите се 40 минутни.

Месечен надомест: 2.000 денари

Годишна програма ( 72 часа):

Двапати неделно, часовите се 40 минутни. Полугодишен надомест : 9.500 денари