ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСПОРАКА

По направената нарачка, ќе добиете меил за потврда на успешноста на нарачката, само доколку сте регистриран корисник. Доколку направите нарачка како посетител на нашата веб страна, потврдата ќе се прикаже на вашиот дисплеј откако ќе ја завршите нарачката. Наш оператор ќе ве исконтактира само доколку има проблем со достапноста на производите. Доколку нарачката е направена во петок после 16h или во текот на викендот, операторот ќе Ве исконтактира во работен ден. Во период на распродажба, ќе бидат испорачани само производите кои се достапни на залиха.

Курирската служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-15h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е до 5 работни дена.

Минималниот износ за нарачка е 3000 денари, а испораката е бесплатна за цела Македонија.

Трошокот на испорака е обврска на МГ МЈУЗИК МЕНАЏМЕНТ АГЕНЦИЈА ДООЕЛ Скопје во првиот обид за достава. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на клиентот.

Доколку е потребна замена на големина која била соодветно испорачана од страна на МГ МЈУЗИК МЕНАЏМЕНТ АГЕНЦИЈА ДООЕЛ Скопје трошокот за враќање и преземање нова големина го презема самиот купувач.

МГ МЈУЗИК МЕНАЏМЕНТ АГЕНЦИЈА ДООЕЛ Скопје ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина или модел.