Горан Муратовски
Горан Муратовски завршува основно и средно музичко образование во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во класата на проф. Иле Темков. Под менторство на проф. Олег Контраденко во 2006 година дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Како добитник на стипендија од Германската академска служба за размена (Deutsche Akademische Austauschdienst DAAD) заминува на студии во Германија на Високата школа за музика во Детмолд (Hochschule fur Musik, Detmold, Deutschland), каде и дипломира виолина во класата на проф. Thomas Christian. Во истата школа го продолжува образованието, и магистрира во областа на камерна музика под менторство на професорите Matthias Lingenfelder, Jens Opperman, Stewart Eaton и Andreas Arndt.
Во тек на повеќегодишниот престој во Германија, Муратовски бил дел од реномирани оркестри како што се:Класична филхармонија Бон, Келн (Klassishe Philharmonie Bonn, Koeln), Нов рајнски камерен оркестар, Келн (Neues Reinschess Kammerorchester, Koeln) и Детмолдски камерен оркестар Тибор Варга (Detmoler Tibor Varga Kammerorchester).
Муратовски е член на гудачкиот квартет “Зографски” и почесен член на фондацијата “Томислав Зографски. Поранешен професор по виолина во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј”.
Моментално работи на неговиот магистерски труд како дел од магистерските студии по музичка педагогија за виолина под менторство на проф.Коларовска.
Горан Муратовски е основач и сопственик на приватното музичко и балетско училиште ,,Крешендо,,.