Музички работилници
Програма за ран детски развој преку музика, создадена во соработка со Crescendo – Училиште за уметности и Тетка Кате.
Часовите се осмислени така што секое дете преку песна, ритам, движење и игра ја развива моториката, говорот, вниманието и самодовербата.
Катерина Иванов, педагог и едукатор со долгогодишно искуство, ги спојува музиката и педагогијата во едно волшебно искуство кое ги вклучува сите сетила.

Секоја сесија е разиграна комбинација на:



Целта е детето да учи природно – преку радост, движење и музика.
Родителите ќе добијат и идеи за активности што можат да ги прават дома, за да го продолжат музичкото искуство и надвор од часот.
Бебешка група: 8 – 24 месеци (со родител) – Музичко гушкање
Фокус: сензорна и емоционална стимулација преку музика и допир
Концепт: „Музика во прегратка“ 
-
едноставни песнички со допир и движење
-
нежни ритми и движења во ритам со мама/тато
-
звучни играчки, марами, тапанчиња
-
ритуали за поздрав, опуштање и поврзување



Мала група: 2 – 4 години – Музички истражувачи
Фокус: самостојно движење, говор и први музички поими
Концепт: „Да пееме, да се движиме, да растеме!“ 
-
песнички со гестикулација и ритам
-
едноставни инструменти (ѕвончиња, маракаси, тапан)
-
моторички игри поврзани со теми (животни, боја, форма)
-
имитација на звуци и движења



Голема група: 4 – 6 години –Музички создавачи
Фокус: музичка писменост, изразување и креативност
Концепт: „Јас создавам музика!“ 
-
пееме со израз и движење
-
вовед во поими како ритам, темпо, глас, тишина
-
мини-оркестар со детски инструменти
-
песнички за букви, броеви и секојдневие
-
подготовка на мини настапи / работилници со родители


Фокус: внимание, ритам и разбирање на музички и јазични модели
Концепт: „Музиката ме води!“ 
-
тематски песни со движење и инструменти
-
препознавање гласови и звуци
-
ритмички игри, ехо-песни
-
букви и зборови преку песна и игра


Секоја сабота има заедничка музичка тема, но активностите се прилагодени по возраст.
Со најмалите се работи со родител и сензорни игри,
Средната група преку движење и имитација,
А најголемите преку свесно создавање и изведба.
Структура на секоја работилница:
-
Претставување и поздравна песна – сите учесници се вклучуваат
-
Главна тема / приказна – поврзана со настанот или празникот
-
Музички и моторички активности – песни, ритамски игри, танц
-
Креативна активност – изработка на реквизит или мала драмска игра
-
Завршна песна и збогување




