Балетски оддел ,,Крешендо,,
Балетскиот оддел во училиштето ,,Крешендо,, им нуди на децата од сите возрасти можност да учествуваат во часови по танц и курсеви за да развијат флексибилност, музикалност, координација, рамнотежа и издржливост.
Образование
Нашето девет месечно образование е можност за искуство на деца на возраст од 3 години.
Настваните програми нудат можност на сите деца од најрана возраст да пробаат голем број стилови на танцување на различни нивоа.
Внатрешната програма специјално прилагодена за ученици на возраст од 3 години години е создадена за да работи во согласност со академските училишни години и обезбедува цврста основа врз која можат да се изградат во професионални балетски танчери.
Балетскиот оддел во училиштето ,,Крешендо,, започнува со Пред-балетско ниво 1 се фокусираат на развојот на ритам, координација, музикалност и имагинација.
Во следното ниво се усвојува поформален пристап, градејќи основно знаење за балетскиот вокабулар и држење на телото. Како што учениците напредуваат низ нивоата, овие основни принципи се прошируваат и рафинираат.
Во повисоките нивоа, учениците имаат широко познавање на вокабуларот за балет и почнуваат да развиваат чувство за музикалност и изразување.
Повисоките нивоа се одлично поле за обука за учениците кои можеби сакаат да продолжат со танцот како кариера, како и за оние кои сакаат да го развијат своето хоби на високи стандарди.
Месечна програма:
Двапати неделно, часовите се 40 минутни.
Месечен надомест: 2.000 денари
Годишна програма ( 72 часа):
Двапати неделно, часовите се 40 минутни.
Полугодишен надомест : 9.500 денари