Мартина Нанеска
Мартина Нанеска е родена во 1993 година во Охрид, каде го започнува своето основно музичко образование, свирејќи пијано. Продолжува со музичката едукација во Државното Музичко Училиште во Битола, во класата на проф. Марина Коруновска, отсек соло пеење. Во текот на своето образование се здобива со многубројни награди и признанија на државно и меѓународно ниво.
Во 2017та година дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, под менторство
на проф. Славица Петровска – Галиќ.
Веќе 8 години е активен член на професионалниот мешан хор ПроАрс, формиран од маестро Сашо Татарчевски, со кој се реализирани огромен број на самостојни концерти, но и концерти во склоп со Македонската Филхармонија, како и снимања на студиски снимки за филмска музика за високобуџетни интернационални филмски остварувања во студиото ФАМЕС.
Нејзин особен музички интерес претставува современото вокално музичко творештво.