Кларинет
Кларинетот е музички инструмент кој припаѓа на семејството на дрвени дувачки инструменти. Постојат повеќе видови на кларинет, вклучувајќи го најпознатиот Б-кларинет, и помалку познатите Е♭, А и Бас кларинети, како и многу други. Звукот се создава преку дување, струење на воздухот во писката и притискање на копчињата на инструментот. Различното ниво на протокот на воздух во инструментот може да влијае на висината, јачината на звукот и видот на создаден звук. Преку индивидуални и групни часови, учениците во музичкото училиште ,,Крешендо’’ можат да научат различни техники за свирење, да изведуваат концерти во живо како соло, така и дел од ансамбл.